Шествалентните вакцини деновиве се дистрибуирани до сите советувалишта во земјава, информираат од министерството за здравство. Во Охрид вакцинирањето ќе започне во понеделник, за што испратени се покани до родителите за да извршат навремено вакцинирање на нивните деца.

– Со употреба на петвалентната и шествалентната вакцина 13. инјектирања во првата година се намалуваат на седум. Тоа дава простор за воведување нова вакцина, пневмококната, сега е по избор, но со тенденција да биде ставена редовно во календарот за имунизација, нагласуваат надлежните.

Како што укажуваат лекарите, реакциите од овие вакцини се сведени на минимум и не е проследена со зголемена температура. Може да има само локална минорна реакција од црвенило и болка, меѓутоа тоа трае краткотрајно и за 24 часа поминува.

Петвалентната вакцина се очекува да пристигне месецов и ќе почне да се применува од септември.

OhridNews