Документарно-музичкиот филм „ The hardest thing – Чекор до славата “ во кој се  претставени настанокот на истоимениот албум и големиот број до сега необјавени снимки од големата македонска поп-икона Тоше Проески, премиерно ќе биде изведен и во Охрид.

Охриѓани ќе имаат можност да го видат документарецот од 23 до 28 февруари во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот ќе се прикажува двапати дневно, со почеток во 18 и во 20 часот, а влезницата чини сто денари.

По Скопје и Битола, Охрид е третиот град во Македонија каде што ќе се гледа  приказната за прерано починатиот Тоше Проески во која се проткаени настанокот на албумот, љубовта кон музиката, неговиот талент и борбата за успех и блескава кариера.

Ohridnews