Министерството за здравство соопшти дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакцинален пункт, може да закажат вакцинирање во домашни услови.

Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.

Според Министерството, граѓаните во Охрид може да се јавуваат за вакцинација со домашна посета на бројот: 071 366 564 – Здравствен дом Охрид во терминот за закажување од 12 до 14 часот.

OhridNews