Сите кабелски оператори во Македонија во недела на полноќ треба да престанат со реемитување на програмата на популарната хрватска телевизија „Нова“ и на босанаскиот канал „ОБН“, соопшти Советот за радиодифузија.

Реемитувањето на овие канали мора да престане затоа што „Нова“ и „ОБН“ немаат авторско право да емитуваат програма и за Македонија, објаснуваат од Советот за радиодифузија. Оттаму најавуваат дека ќе вршат засилен мониторинг врз кабелските оператори со цел да се почитува оваа одлука.

Ohridnews