Од понеделник, 1 јули, градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за користење, информираат од ЈП “Билјанини Извори”.

Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 часот големиот базен и 13 – 17:30 часот малиот базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи, потенцираат.

Дневниот билет за рекреативно користење, посочуваат, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.

OhridNews