Најголемиот автопревозник кај нас, АД „Галеб“ Охрид, од понеделник, 8 јуни, ги враќа меѓуградските линии кон Скопје и Кочани.

Како што информираат од компанијата, кон главниот град ќе има две линии со поаѓања од Охрид кон Скопје во 05.30 ч. и 15 ч., а од Скопје кон Охрид во 10 и 18 30.

Се враќа и редовната линија за Кочани, со поаѓање од Охрид во 06 часот и враќање во 14.30 часот, известува АД „Галеб“.

Во согласност со ситуацијата и мерките за заштита кои се носат од страна на Владата, компанијата секојдневно го ажурира возниот ред во локалниот сообраќај.

OhridNews