Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува.
Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,080 денари за килограм.
Од 2.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС- 48,008 (денари/килограм)
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2 јули 2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
OhridNews