Од полноќ бензините ќе се продаваат поскапо за 1,5, а  дизел горивата за 2 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница.

Новата цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 68,00 ден. за литар, а Еуросупер 98 ќе се продава по цена од 70,00 денари за литар.

Еуродизелот ќе чини 57,50 ден. за литар, а корекција има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое од полноќ ќе се продава по цена од 46,00 денари за литар.

За 0,26 денари поскапе и  мазутот кој ќе се продава по цена од 32,251 денари за килограм.

OhridNews