Од вечерва на полноќ, 31 јули, ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот, информираат Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“.
Возилата во овој дел на градот ќе може непречено да сообраќаат само доколку ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид, односно поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила. – се вели во известувањето.
Функционирањето на рампите ќе биде регулирано електронски од поставената куќарка за наплата на паркинг на улица „Македонски Просветители“ и ќе биде следено преку 24 часовен видео надзор.
Жителите кои не поседуваат картички за движење со возила во стариот дел на градот, треба да се обратат во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици во Општина Охрид, информира локалната самоуправа.
OhridNews.