Вкупно 7.217 активни случаи на КОВИД-19 има во државата, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени.

Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, досега во земјата се направени 1.404.750 тестирања на  КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623.

Во регионот се влошува состојбата со КОВИД-19. Поради зголемениот број новозаразени, во некои од државите во регионот веќе се најавени одредени рестрикции, а во Србија е пристигнат „делта плус“ сојот, за кој се вели дека претставува многу позаразна форма на вирусот.Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, усвои голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување, како што препорачаа некои експерти од здравството, чии капацитети за пациентите кои се на работ на издржливост.

Новите мерки стапуваат на сила од понеделник, а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаните и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство.

Угостителските објекти во Словенија ќе можат да работат, при што нивното работно време ќе биде скратено и ќе трае од 5 до 22 часа, а гостите ќе смеат да служат само на маси и на соодветно растојание.

За секој посетител потребно е да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2, соопшти владата по седницата, која траеше до доцна во ноќта.

И во Грција стапија во сила новите мерки. документот, односно сертификат за вакцинираните, потврда за прележаните и негативен рапид тест за невакцинираните  заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.

Конкретните мерки за задолжителен документ важат за полнолетните граѓани, а децата од 4 до 17 години може да покажат изјава за направен тест, односно негативен резултат од тестот за домашна употреба.

Сите невакцинирани вработени во јавниот и приватниот сектор задолжително, без разлика на нивната работна позиција, како и на вработените во религиозните објекти задолжително ќе треба да се тестираат со PCR или рапид тест два пати седмично, наместо еднаш како што беше досега.

Маската и понатаму е задолжителна во затворените простори, но и на отворено доколку постои гужва.

Како и досега, така и сега, сите мерки во Грција што важат за Грците, важат и за туристите.

 

OhridNews