Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Охрид сончево до умерено облачно и релативно топло. Минималната температура нема да се спушти под 11 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од понеделник не очекува значителна временска промена. Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни проследени со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во вечерните часови и во текот на ноќта на повисоките планини на северозапад со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температутите ќе бидат во опаѓање, а веќе од вторник во најголем дел од државата утринските ќе бидат во минус, додека дневната ќе се движи во интервал од 2 до 1о степени во вторник, односно 6 до 14 степени во среда.

Г.М.
Фото: А. Момироска