Екипи на ЈП „ Охридски Комуналец“, реализираа акции за расчистување на плажите кои не се дадени под концесија- во населбата  Лагадин, Пештани и Трпејца.

Во туристичката населба Лагадин на потегот од пред хотел „ Два Бисери“ до авто-кампот  Елешец беа подигнати 10 метри кубни трска и 20 вреќи отпад, во Пештани 7 метри кубн трска и 10 вреќи отпад, а во Трпејца 3 метри кубни трска и 5 вреќи отпад.

Од јавното претпријатие апелираат за поголема еколошка свест кај граѓаните и информираат дека до почетокот на туристичката сезона, комунални работници од претпријатието ќе бидат ангажирани за одржување на овие плажи еднаш во неделата, додека во екот на туристичката сезона плажите ќе се одржуваат секојдневно.

OhridNews