Информации и корисни совети за алергиите, употребата на витамините, пролетниот замор, стручни препораки за заштита на здравјето и актуелни теми од областа на медицината и стоматологијата содржи пролетното издание на магазинот „Наше Здравје“, кое излезе од печат за Велигденските празници. Во него уште ќе прочитате за отворањето на новата супер модерна очна болница „Деница“, како и други содржини кои ќе го задржат вниманието на читателите.

-Навлеговме во пролетта, а со тоа и во време кога алергиите напаѓаат од сите страни. За тоа како да го победиме постојаното солзење на очите, досадното кивање и кашлање, гушењето во грло, но и многу други симптоми што ја следат оваа состојба, во пролетното издание  „Наше Здравје” направивме разговор со најдобриот стручњак од оваа област кај нас, убедени дека советите и укажувањата на најдобар начин ќе можат да им помогнат на оние кои имаат потреба од заштита и лекување на алергиите. – вели главниот уредник фармацевт м-р Марица Угриноска Баткоска.

Издавач на магазинот „Наше здравје“ е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Извршен уредник е Горан Момироски, уредник соработник Мишо Китаноски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот и пошироко.

OhridNews

 

Навлеговме во пролетта, а со тоа и во време кога алергиите напаѓаат од сите страни. За тоа како да го победиме постојаното солзење на очите, досадното кивање и кашлање, гушењето во грло, но и многу други симптоми што ја следат оваа состојба, во пролетното издание  „Наше Здравје” направивме разговор со најдобриот стручњак од оваа област кај нас, убедени дека советите и укажувањата на најдобар начин ќе можат да им помогнат на оние кои имаат потреба од заштита и лекување на алергиите.