Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“, деновиве од печат излезе новата книга на Наум Трајчески, насловена како „Грст Мудрости“.
Оваа книга претставува збир од мудри реченици, преку која авторот на сосема едноставен начин сака да допре до срцата на своите читатели преку вистината и мудроста.
Трајчески твори во родната Македонија иако живее во далечната Австралија. „Грст мудрости“ е негова трета книга, во редакција на Мишо Јузмески и м-р Лидија Размоска.
OhridNews