Астробиологот Луис Дартнес тврди дека луѓето од долготрајното патување во вселената ќе станат мали, дебели и ќелави. На научниот саем во Челтенхем отбило кажано дека животот без гравитација ќе предизвика неправилен развој на коските и мускулите.


Исто така, за движење ќе биде потребна многу помала сила па идните “вселенски патници“ ќе бидат прилично буцкасти. Во бестежинска состојба, течноста го исполнува просторот во черепот поради што лицето секогаш изгледа отечено. Косата и веѓите ќе ја изгубат својата заштитна функција и полека ќе исчезнуваат.