Втор натпревар во низа капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев остана на клупата и не доби ни минута од страна на бразилскиот стручњак Леонардо.


ретки се ваквите моменти годинава – Пандев погодува против Милан

Пандев до пред недела дена беше стандарден во составот на “нероаѕурите“, во италијанскиот куп одигра 120 минути и постигна гол од пенал. Но, по финиширањето на зимскиот преоден рок и доаѓањето на Пацини и Кхајра, Пандев останува закован на клупата за резерви.

 
Голгетерскиот пост на напаѓачот трае долго, а навивачите на Интер на мечот со Чезена со свирежи го испратија во соблекувалната. Пандев тогаш за италијанските медиуми рече дека свирежите него вознемируваат и дека тој ќе продолжи со својата напорна работа.


Но ако свирежите не го загрижија, тогаш сигурно дека засилувањата кои му пристапија на Интер и враќањето на Снајдер меѓу стартерите сериозно ќе ја разниша неговата позиција во клубот.

Пред Пандев и Интер има уште долг пат да се изоди. Во Серија А преостануваат уште четиринаесет рунди, а водечкиот Милан има седум бода предност но и натпревар повеќе во однос на “нероауѕрите“. 


Сериозен тест за можностите на тимот “после Мурињо“ ќе биде двомечот од Лигата на Шампиони против минагогодишниот финалист Баерн Минхен. Интер се протна и во полуфиналето од Копа Италија, каде за противник ја има Рома.

“Нивата е долга за орање“, а како ќе се позиционира македонецот само од него зависи.

М.П.