Рубриката „Отворена“ на најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“, ќе биде збогатена со уште еден колумнист. Имено, од утре, 6-ти февруари, колумни на „ОhridNews“ повторно ќе објавува Дејан Блажески, политичар и актуелен член на Советот на општина Охрид. Тој своите колумни ќе ги објавува во петоците.

Покрај Блажески, во стандардниот термин во понеделник излегува колумната на Jimmy, a од неодамна слободната мисла на „OhridNews“ е збогатена со рубриката „Коментари на неделета“, во која се сублимират мислењата на граѓаните на актуелни теми изнесени на фан страната на порталот на Facebook.

Целта е преку објавување на различни ставови и коментари да се поттикне критичката мисла и да се актуелизираат проблемите во општеството, а  во насока на подобрување на севкупното живеење.

OhridNews