Британката Лиз Дениал е најверојатно едно од најсреќните лица во таа земја, бидејќи од минатиот октомври со учества во наградни емисии и решавање крстозбори редовно добивала награди. Лиз е од Нотингем и пати од тешка болест на мускулите и се движи со помош на помагала, но затоа игрите на среќа и тоа како и одат. Досега помеѓу останатото освоила голем LCD телевизор, домашно кино и бројни санитарни и останати прозиводи.


Лиз порано работела во банка, а како една од наградите добила и ВИП патување во Кенија, во хотел со пет звездички. На една од телевизиските емисии освоила повеќе од 30 илјади евра. На секоја наградна игра на која ја испробала среќата добила. Таа изјавила дека понекогаш мисли дека сонува, а заклучила дека тоа најверојатно е карма поради болката која ја преживува.