Почнувајќи од октомври до мај 2022 секој прв ден во месецот слободен влез во објектите под надлежност на НУ Завод и музеј Охрид.
Со желба да го доближиме културното наследство до нашите посетители, пред сè до локалното население, од месец октомври, па сè до мај 2022 година, секој прв ден во месецот, влезот во музеите и локалитетите кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид (Самуилова тврдина, Галерија на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода – Градиште), ќе биде слободен за сите граѓани на Р.С. Македонија, велат од НУ Завод и музеј Охрид.
Се надеваат дека на овој начин сите кои досега не ги посетиле овие локалитети и музеи, ќе може да го сторат тоа во посочениот ден од месеците (01.10.2021 – петок, 02.11.2021 – вторник, 01.12.2021 – среда).
OhridNews