Охрид интензивно се подготвува за НАТО самитот, што ќе се одржи кон крајот на овој месец. Покрај инфраструкктурните зафати во тек е и расчистување на јавните површини од стари и дотраани автомобили и други предмети.

Во заедничката акција на МВР и општинската комунална инспекција што започна неодамна, до овој момент подигнати се околу 180 хаварисани возила од јавните површини во градот.

„Акцијата  е повеќе од успешна вели раководителот на инспекциските служби“, Танас Танасоски, кој најави дека таа ќе продолжи со несмален интензитет и во наредните денови.

Верувам дека до самитот на НАТО комплетно ќе ги расчистиме улиците во Охрид, а овие денови ќе отпочнеме и со подигање на кајчињата од повеќе локации на брегот од Езерото, најавува Танасоски. Тој информираше дека ќе се подигаат кајчињата на брегот од Канео, Грашница, Сараиште, Билјанини извори и  Пештани.

„Ќе се отстрануваат  само кајчињата кои се наоѓаат на брегот“, објаснува Танасоски. Тој вели дека и покрај повеќето апели да се дислоцираат кајчињата од брегот, граѓаните останале глуви, така што таа работа ќе ја извршат комуналните служби на товар на сопствениците на кајчињата.
 
Единствен проблем засега е просторот каде ќе бидат одлагани кајчињата, вели Танасоски кој очекува наскоро да биде решена и оваа дилема.

Г. Момироски