Со спектакуларен турнир во Охрид започна второто издание на Адриатската Текбол Лига, која ги собира најдобрите текери од регионот.
Во амбиент за паметење, со рекордна посетеност, на брегот на Охридското езеро, започна новата ТЕК приказна, која има за цел промоција на овој урбан спорт во овој дел од Европа. Како најдобри на Градскиот кеј на Македонија се покажаа членовите на составот TEQ Лиман од Нови Сад.
Играчите на една од најдобрите екипи во светот, Никола Митро и Богдан Мароевиќ, одиграа спектакуларно финале во сингл категоријата, во кое Митро го потврди својот статус како најдобар во овие простори. Славеше во финалето со резултат 8:12, 12:3, 12:9.
Значителен резултат постигнаа црногорските текери, кои беа најмногубројни во завршницата. Андрија Јовановиќ и Марко Жарковиќ од Подгорица беа ривали на новосадските мајстори во полуфиналето на синглот, кое заврши во по два сета, а нивниот тандем, од неодамна под името TEQ Будуќност (претходно Курјаци) стигна до финалето на дубл, во кое беше поразен од неприкосновениот Лиман со 2:0 (12:2, 12:5).
Во топ 4 натпревари во парови се најдоа уште два клуба од Црна Гора, бјелопољскиот Борац, кој беше поразен од Лиман со 2:0 (12:5, 12:4) и подгоричкиот состав Теќерс, кој беше запрен од составот на Будуќност во дербито на Црна Гора, исто така со 2:0 (12:11, 12:9).
40 натпреварувачи од пет земји од регионот, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, заедно со гости од Грција, се натпреваруваа за вкупен награден фонд од 2000 евра. Специјално признание за развојот на Јадранската текбол лига му беше доделено на Димитар Пејчиновски од Охрид, Текбол репрезентативец. Токму во неговиот роден град, на градскиот стадион беше поставена ТЕК маса, која ќе биде особено корисна за сите возрасни категории на ФК Охрид.
Во ревијалниот дел од турнирот настапија помладите категории на овој клуб, а публиката имаше можност да се запознае и со останатите ТЕК спортови.
По отворањето на сезоната на брегот на Охридското езеро, ATL сезоната се сели на Јадранското море – Бар ќе биде следната станица на Јадранската лига, во сабота, 20 јули.
OhridNews
Фото: Ива Јовановиќ/ Текбол Јадранска лига