Охридскиот ракометен суперлигаш ќе треба да бара нова опција за пивотметнската позиција, откако Кристијан Анастасовски обезбеди интернационален трансфер. Младиот ракометар ќе ја продолжи во францускиот клуб Анже.
Анастасовски во Охрид помина само една сезона и се покажа како одлично засилување. Поранешниот ракометар на Вардар Јуниор и Работнички беше „бек ап“ варијанта за Иван Тасески, кој ги почнуваше натпреварите.
Во францускиот клуб, Анастастовски ќе ја дели соблекувалната со поранешниот член на Охрид, Дарко Георгиески.
Што се однесува до Охрид, клубот во најскоро време ќе ги официјализира договите со играчите кои остануваат и ќе започне со потрага по нови засилувања.
OhridNews