Преговорите за Уставното име на нашата земја, што се водат помеѓу Грција и Македонија со посредство на Обединетите нации од Охрид, ќе продолжат во Грција.
македонскиот преговарач Никола Димитров
Местото и терминот каде ќе се одвиваат преговорите дополнително ќе бидат утврдени, а не е исклучено тоа да биде Атина. Домаќин на следната рунда Грчко-македонски разговори за името ќе биде министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани.
Нема промени во ставовите на двете страни
Двете страни вчера во Охрид не постигнаа конечно решение, но преговорите во владината вила кај „Горица“ ги оценија како најдобри до сега. И двете страни остануваат на порано изнесените ставови, според кои прашањето на името за за Атина не е билатерално, а за Скопје е.
х. Инекс беше запоседнат од новинарите
Грчкиот колега од телевизијата ЕРТ 3, Пантелис Савидис, во разговор ни изјави дека има простор за решавање на проблемот помеѓу двете земји. Колкав е тој простор каде маневрираат политичарите никој не знае, но претставува надеж дека наметнатиот спор од страна на Атина би можел да се реши наскоро. Како?
има простор за решение сметаат грчките колеги
Г. Момироски
фото: Васко Бујароски