Првиот брод со украинско жито ќе исплови денеска од пристаништето во Одеса, соопшти турското Министерство за одбрана.
Бродот треба да тргне за Либан во 8:30 часот по локално време.
Бродскиот транспорт на жито од Украина е согласно договорот потпишан во Истанбул на 22 јули меѓу Турција, Руската Федерација, Украина и Обединетите нации, со кој се обезбедува безбеден извоз на житарици и прехранбени производи од украинските пристаништа.
Договорот предвидува отворање на три украински пристаништа – Одеса, Черноморск и Јужни, за транспорт на житото кое не може да се извезува поради војната во Украина. Спроведувањето на договорот ќе го надгледува Заеднички координативен центар во Истанбул.
OhridNews