Шест полицајци со чекани се залетале према куќа во Болтон, за да внатре пронајдат жена која пие чај.

Службениците од одделот за дрога ја згрешиле куќата кога тргнале во рација.

Наместо наркомани кои конзумираат „крек“, ја пронашле Кејтлин Олдхам (58) во свечен фустан како ужива во шоља чај.


„Извинете, грешна куќа“, рекле полицајците и веднаш ја напуштиле куќата, оставајќи ја нивната колешка да смисли некое поуверливо извинување за преплашената старица.

Госпоѓата Олдхам добила букет цвеќе како извинување, а еден работник веднаш дошол да ја санира штетата која ја направиле полицајците.

Полицијата од Манчестер покасно поднела и службено извинување до госпоѓата.