Екипата и фановите на Лајпциг, синоќа, имаа голема причина за радост после победата над Тотенхем (3-0) и историскиот пласман во осумте најдобри во Лигата на Шампиони. Лесно можеше да се случи целата победничка атмосфера на стадионот да биде нарушена поради несреќниот инцидент кој се случил на теренот околу 50-та минута од натпреварот.
Дефанзивецот во домашниот состав Норди Мукиеле паднал како покосен после ударот од топка во пределот на лицето. Силината на ударот не беше голема, но бил погоден во незгоден дел од лицето. Мукиеле го голтнал јазикот, а благодарание на брзата реакција на играчите и лекарскиот тим избегната е голема трагедија која ќе го засенеше историскиот успех на Лајпциг и целата сезоната во ЛШ.
После завршувањето на натпреварот и потребните медицински прегледи, фудбалерот се огласил на социјалните мрежи, кажал дека е добро и ја смирил ситуацијата.
Често на спортските терени во борбата за победи се случуваат повреди. Мукиеле брзо ќе ја заборави целата случка бидејќи помина без последици, а неговата екипа избори прогрес во ТОП 8 во ЛШ.
OhridNews