Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), за денар и половина, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), за два денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 денари за килограм, информираат денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 46,909 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.7.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

OhridNews