Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 3,5 денари, додека дизелот се намалува за четири денари.

Новата цена на еуросуперот БС-95 изнесува 77 ден/лит, а на еуросуперот БС-98 изнесува 78,50 ден/лит.

Еуродизелот од полноќ ќе се продава за 65,50 ден/лит, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 54 ден/лит. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,179 денари/кг, и новата цената на М-1 НС изнесува 39,548 ден/кг.

Одлуката на регулаторната комисија следи како реакција на движењето на цената на нафтата на светските берзи и односот на доларот спрема еврото во последните 14 дена.

Ohridnews