Шеесет минути ги делат црвено – жолтите од враќање на големите натпреварува. Долго не сме биле таму, од 1999 во Египет, а еден од главните виновници за тоа е токму нашиот денешен противник, селекцијата на Исланд.

Три пати “рибарите“ не` ни дозволија да го осетиме мирисот, шармот од едно големо натпреварување, без разлика дали било Европско или Светстко.


Но во овај бараж, како никогаш досега имаме “опиплива“ предност од осум гола (34-26).

“Од нас зависи“ пееше Каролина на Евросонг, да само од нас зависи дали Македонија ќе биде дел од светскиот крем во Хрватска наредната година.

Сите во таборот се обидуваат да ја спуштат топката на земја. На сите ни е јасно дека атмосферата во новата сала го направи своето, но доколку  ја повториме јиграта во првиот меч, нема потреба да стравуваме за конечен триумф.

–  Овој резултат не обврзува и на реваншот во Исланд да го потврдиме тоа што го постигнавме во Скопје. Во Рејкјавик не очекува уште поголемо искушение и уште потежок меч. Подготвени сме повторно да дадеме максимум и со трпелива игра и ладни глави повторно да се избориме за добар резултат истакна селекторот Илија Темелковски на прес-конференцијата пред заминувањето.

М.Постоловски