Поголема количина ќебиња, перници и навлаки за кревети се донираат во Специјализираната болница за лекување, превенција и рехабилитација на кардиовакуларни заболувања Св. Стефан во Охрид, Дневната болница и Урологија при Општа болница Охрид. Донацијата ја обезбеди Црковниот одбор на црквата Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин од средствата донирани од верниците во текот на годината и на одбележувањето на празникот на црквата на 30 септември.

Секоја година собраните средства се донираат во хумани цели. Оваа година обезбедивме скромна донација за дел од охридските болници, така што средствата од народот одат повторно кај народот, вели Љупчо Патчев, ктитор на малата црква Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин.

Дополнително поголема количина масло за јадење донирана од верниците, црковниот одбор ја донира на манастирите Зрзе и Бигорски.

Црквата Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж е изградена пред 23 години по повод 2000 христијанство.

Г.М.