Руски туристи ова лето ќе доаѓаат во Охрид со новата туристичка авионска линија на релацијата Москва – Тиват – Охрид – Москва, што ќе  почне да функционира најдоцна до следната сабота. 

Секоја сабота, до крајот на летната сезона годинава, по еден „боинг“ полн со руски туристи ќе патува на оваа линија, со што Охрид значително ќе го зголеми бројот на посетителите, изјави на прес конференција владиниот портпарол Ивица Боцески.
 
Воспоставувањето на новата авионска линија е на иницијатива на премиерот Никола Груевски и амбасадорот на Црна Гора во Македонија Душан Лалиќевиќ, а ќе ја реализираат  и се при крај со подготовките туристичките туроператори од Македонија, Црна Гора и  од Руската Федерација.

Последниот лет годинава ќе биде во последната сабота од септември, а очекувањата се следната летна сезона секоја сабота  на релацијата Москва – Тиват – Охрид – Москва да сообраќаат по три боинзи со руски туристи.

Воспоставувањето на новата авионска линија Охрид – Москва доажа по неодамнешното намалување на цените на услугите на охирдскиот аеродром со што тој стана најконкурентен во регионот. 

Г. Момироски