Од септември, на товар на државниот буџет, на бесплатно бањско лекување ќе може да заминат 1500 пензионери, меѓу кои и оние кои се пријавиле во јануари, а од оправдани причини го пропуштиле првичниот рок .

Пензионерите на бесплатна бања одат втора година по ред. Досега ваквата можност ја искористиле над 15.000 корисници на пензија.

Пакетот што го финансира државата опфаќа 6 ноќевања, превоз, 3 оброка и задолжителен медицински преглед.

OhridNews