Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска заедно со евроамбасадорот Орав и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров одржаа прес конференција на која беше најавен карванот со инфо денови за европската програма “Еразмус плус“.

– “Еразмус плус“ е програма насочена кон зголемување на квалитетот и релевантноста на квалификациите и вештините. Програмата е отворена за студенти, професори, наставници, стажанти, волонтери, младински работници итн. Воедно, ги поддржува реформите во земјите учеснички за модернизирање на образованието и обуката, иновациите, вработливоста и претприемништвото. Од особено значење е употребата на информатичко комуникациските алатки, европските платформи за поддршка и вмрежувањето на корисниците, рече министерот Адеми.

Министерот за образование и наука ги повика сите заинтересирани, со креативни идеи и програми да аплицираат и да се вклучат во програмата “Еразмус плус“, со цел максимално да се искористат бројните можности кои таа им ги нуди на нашите граѓани.

OhridNews