Кери Бредшо, главната протагонистка на планетарно популарната серија „Сексот и градот“, со своето последно појавување успеа да ги шокира модните критичари.Улогата која од почетокот на емитувањето на серијата, поточно крајот на деведесетите, на актерката Сара Џесика Паркер и ја донесе титулата модна икона, деновиве и обезбеди атрибут „џиновска крофна“.


Од модна икона до џиновска „крофна“

Американските медиуми пишуваат дека нејзината фасцинираност со модата „забегала“ во подрачјето на бизарноста , а нејзината розе-лила сина „крофна“ од снимањето на  филмската верзија на „Сексот и градот“ја нарекоа зачеток на „фаст фуд мода“.

Но „крофната“ не единственото што Кери го имала на себе-облекла и бели полувисоки чизмички, кои, во комбинација со (пре)кратката сукња додатно ги истакнале нејзините ковчести колена  и нималку правите тенки нозе. Сето тоа беше доволно да модните критичари донесат едногласна пресуда-Кери од модна икона стана „модна катастрофа“.

Сепак за Сара Џесика Паркер има надеж затоа што ова не е нејзино дело- за се е одговорна Патрициа Филд, стилистката задолжена за филмот „Сексот и градот“.  

ohridnews