– Многу сме задоволни од ждрепката во 1/4 финалето. Добро ја познаваме екипата на Киелце игравме два пати во групната фаза – рече преставникот на Металург на ждрепката во Виена, Зоран Цветаноски и додаде – Долго време во тие два натпревари игравме добро, а на крајот на победата се радуваше тимот на Киелце. 


Од таборот на полскиот првак се надеваат на добар резултат како во групната фаза, но тоа ќе мораат да го направат без најдобриот ракометар Иван Чупиќ.

– Се надевам дека Чупиќ ќе се врати и ќе ни помогне во дуелите со Металург. Игравме во групата против нив и тие натпревари беа вистински ракометен спектакл. Ќе биде тешко нема фаворити бидејќи се работи за натпреваи за влез во четири најдобри –
истакнаа од  Киелце.

Мх.П.