Еден австралијанец од Нов Јужен Велс непосредно пред својата смрт од својата куќа и двор направил вистинско минско поле, поставувајќи повеќе од 50 експлозивни направи со мала разорна моќ, воглавно од домашна изработка. Полицијата соопштила дека направите не биле опасни по живот, но можеле да нанесат повреди.


Некои биле поврзани со куќните апарати, а една би се актвирала со стартување на неговиот автомобил. По професија бил електричар во пензија, а починал минатата седмица. Во соопштението на полицијата се наведува дека не бил душевно болен и не е познато зошто го направил сето ова.