Ладното и врнежливо време ја испразни охридската чаршија и кејот на езерото. Останаа празни и летните тераси на кафулињата на градскиот плоштад кои вообичаено во попладневните часови се полни со гости кои релаксирано пијат кафе и си муабетат со познаниците.

Викендов можеше да се забележи само по некој премрзнат турист кој сепак не очекувал дека наместо летување, во Охрид ќе помине неколку денови во вистинска есенска атмосфера, во која неизоставен дел се јакните и дебелите џемпери. 


Ohridnews