По кратка борба со коронавирусот Ковид 19, почина познатиот доктор специјалист хирург во Општата болница во Струга Владимир Кочоски.
Кочоски се лекувал на Инфективната клиника во Скопје. По двонеделно лекување состојба сериозно му се влошила, по што бил пренесен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, но настанатите компликации тој починал, пренесува порталот СДК.
Во неколку дека ова е трет смртен случај во регионот од Ковид 19, во кој жртва е лекар.
Вчера во ресен почина радиологот Поликсена Стојановска-Ѓоргиевска. вработена во Здравствениот дом, а претходно во 60 година од животот почина познатиот хирург, уметник и поет од Охрид Драган Спасески Охридски.
OhridNews