Продолжува проектот за енергетска сиромаштија, со кој на околу 10.000 семејства им се плаќаше по 600 денари од сметките, но од јули годинава помошта се зголемува на 800 денари.
Правото на заштита од енергетска сиромаштија е воведено во 2010 година и изнесуваше 600 денари, за две години подоцна, во 2012 година, ова право се зголеми на 700 денари.
Премиерот Никола Груевски, денеска информираше дека Владата продолжува со овој проект.
„Веќе сега од јули, со сметките што ќе се плаќаат во јули, ќе биде 800 денари. Планот е, според програмата на Владата, следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018-та година да биде 1000 денари. Ние тоа што го воведовме во 2010-та година не само што го одржуваме континуирано туку и постепено ги зголемуваме“, истакна Груевски.
Овој проект во 2015 година ќе опфати до 10.000 корисници, а буџетот за проектот изнесува 81 милион денари.
OhridNews
Извор:„Макфакс“