Ова значи дека целиот процес на отуѓување и давање под закуп на градежното земјиште ќе се води на локално ниво, односно во самите општини кои ќе ги исполнуваат условите пропишани во предлог законот.
Општините за да ги извршуваат работите за располагање со градежното земјиште ќе треба да имаат изготвено едногодишна програма, да имаат потребен број овластени вработени, комисија за јавно наддавање како и електронски систем за јавно наддавање, но во моментов ниту една општина не ги исполнува овие услови.
Цената на земјиштето ќе ја одредува градоначалникот во соработка со советот, а Владата ќе дава согласност на цената. При продажба на земјиштето 80 отсто од парите ќе одат на сметката на општините, а останатите 20 ги задржува државата.
„Оној кој го купил земјиштето со закон се забранува да го препродаде се до моментот додека тој не извади употребана дозвола за самиот објектот дека е изграден“, рече министерот за транспорт и врски.
Доколку не се почитува законот во министерството или во локалната самоуправа казните ќе се движат од 2.000 до 9.000 евра, а на одреден рок ќе им бидат одземани ингеренциите.