Шпанскиот интернационалец Мичи кој во дресот на Свонси 2012/13 година постигна 18 погодоци и беше страв и трепет за противнички мрежи во Англија кариерата ќе ја продолжи во четвртата лига во родната земја.
„Чудото за една сезона“ како што го нарекуваат англичаните Мичу имаше вртоглаво искачување во фудбалските височини, но уште потежок пад на дното.
Тој по доаѓањето во Свонси од Рајо Ваљекано во една сезона успеа да постигне погодок против екипите од големата четворка.
Во ред на чекање за неговиот потпис беа Арсенал и Ливерпул, но „белите“ имаа многу поголеми барања па Мичу остана во Либерти стадионот.
Пред повредата на зглобот која се смета за надолна пресвртница во неговата кариера Мичу на трансфер пазарот вредеше 20 милиони евра.
Првата операција на зглобот не беше успешна па после 11 месеци пауза од терените тој одново мораше да оди под нож.
Во меѓувреме се пресели во Наполи, но таму конкуренцијата и повредите го потиснаа и во една сезона настапи само шест пати.
Крајниот епилог на „чудото за една сезона“ е преселба во Астурија по барање не неговиот брат кој е тренер на екипата.
Ohridnews