Прво на компјутер ќе изработи модел од лице па ќе го растури на делови. После тоа ќе го отпечати на хартија и ќе го исече. На крај се повторно ќе спои, а резултатот е навистина впечатлив.


– Неодамна западнав во криза. Почнав да размислувам што ќе остане после мене. Немав деца ниту жена која никогаш нема да ме заборави. Наместо да западнам во депресија почнав да барам излез. Одлучив да се клонирам на овој начин. После тоа почнав да правам и модели од своите пријатели и животни. Сега имам девојка и можам да кажам дека успеав во мојата намисла. Среќен сум и верувам дека луѓето ќе се сеќаваат еднаш кога ќе ме нема – вели Симон (42).

Од кога почнал со оваа необична уметност, изработил портрети од своите пријатели и отворил изложба. Дури пробал да направи желка од хартија.