Се обраќаме до Вашата куќа со надеж дека ќе помогнете да се реши нашиот проблем. Ние живееме во селски и приградски населби , а сме вработени во фирми кои се лоцирани во центарот на градот. За превоз ги користиме услугите на јавниот превоз во Охрид.

До сега автобусите застануваа на локацијата кај зграда Печијаре, а од вчера 25,01,2007 година автобусите не застануваат на тоа место туку кај Тим Маркет или кај Мини Маркет, бидејќи полицијата не ги оставала да застануваат на старата локација. Бидејќи нашето работно време е до 15,00 часот, а и автобусите на одредените локации поминуваат во тоа време, не сме во можност да стигнеме на време за да ги користиме нивните услуги.

Поради горе изнесеното Ве молиме за овој проблем да се известат надлежните институции. Со надеж дека нашево барање ќе биде решено,однапред Ви благодариме.

Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност  за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата