Екипи на јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на градската плажа, на потегот од хотел „ Мизо“ до калето. Во активностите ангажирани се шест работници. Се врши собирање на расфрлан отпад од страна на несовесни граѓани по должината на плажата и покрај реката Грашница.
При тоа подигнат е комунален отпад, пластични шишиња, најлонски ќеси, лименки и друго во количина од 3-4 метри кубни.
OhridNews