Ракометарите на Тинекс Пролет го освоија целиот плен во Охрид победувајќи го домашниот состав минимално 25-24 (10-13) во шестата рунда од Супер лигата.
За првиот пораз во „Билјанини Извори“, втор во сезоната виновни се охридските ракометари, кои им го препуштија водството на гостите во финишот на мечот.
„Гладијаторите“ имаа предност од четири погодоци, но, и тоа не беше доволно за триумф, кој ќе значеше продолжување на победничкиот низ.
Грешките особено во нападот при ракометар повеќе и „плус еден“ на семафорот не се допустливи за меч во Супер лигата.
„Пролетерите“ со две раце ги прифатија поклон бодовите од Охрид и ги вратија загубените од претходното коло.
Охридските ракометари во седмата рунда од Супер лигата ќе се сретнат со Пелистер во Битола.
Мх.П.