Од годината на рецеcијата најмногу ќе загубат младите
05.01.10 00:05
Краткиот одмор кој го доби од Напредак Крушевац , македонскиот репрезентативец Војдан Стојаноски го искористи во кругот на своето семејство, да ги наполни батериите за продолжението од српскиот шампионат. Напредок каде нашиот интернационалец е стандарден по одиграните 14 кола се наоѓа на шестото место на табелата со скор 9-5.
– Исклучително тешка година е зад нас пред се поради економската состојба во спортот. Годината што измина ќе остане запаметена по освоениот куп со Амак СП. Одлуката за расформирањето на клубот тешко ми панда, а ако за нешто жалам тоа е што не успеавме да постигнеме позначителен резултат во првенстовото.Настапот на евробаскетот во Полска сигурно е настанот број еден додека епитеот личност оди за капитенот Врбица Стефанов кој на најдобар начин не предводеше и успешно ја заврши играчката кариера.
Стојаноски пред стартот на новата сезона сино – белиот дрес на Амак СП го замена со црвено – белиот на Напредак. Бекот поентер во националниот состав направи кратка паралела помеѓу македонската и српската лига.
– Стилот на игра во двете лиги е скоро ист, но во Српската лига се игра физички појако, така да и физичката подготвеност на играчите е на повисоко ниво, па затоа е потребен понапорен тренинг и многу повеќе работа.
Македонската кошарака е најпогодена од светската рецесија а таквиот тренд најмногу ќе го почуствуваат кошаркарите од младите категории на кои не се внимава многу, смета Стојаноски.
– Состојбата во спортот е многу тешка, како поради лошата економска состојба на клубовите, така и поради условите за тренинг кои се на незавидно ниво, а кои многу негативно влијаат на развој на спортистите, пред се на младите категории
Стојаноски за кого ова е прво интернационално искуство, прв пат во својата кариера е разделен и од својот брат близнак Дамјан со кого досега одеа во тандем. Вели дека му недостига но дека полека се привикнува, а колку и да му фали како соиграч мора го прифати фактот, тоа е спортот.
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за Новогодишните и Божиќните празници синоќа ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите ...
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетск...
Распишан Конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024 година Наградите и признанијата за најуспешните спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.