И оваа година бројот на првачиња во основните училишта во Општина Охрид бележи намалување. Во учебната 2019/20 година запишани се 483 првачиња, што е најмалку во изминатите пет години.
Според податоците на локалната самоуправа, минатата учебна година во основните училишта во Охрид се запишале 488 првачиња, во учебната 2017/18 имало 501 прваче, во 2016/17 запишани биле 536, во 2015/16 во прво одделение учеле 540 деца, а учебната година пред таа 519.
Се помалиот број ученици е причина за намалување на бројот на паралелки во охридските основни училишта, а во голем дел од нив со одлука на градските власти дозволено е формирање паралелки со помалку ученици од предвидениот минимум.
OhridNews