Со интелеигенцијата со која со 13 години се запишала на Оксфорд, Суфија Јусуф до сега трбало да изгради успешна кариера. Барем така сите предвидувале кога пред десетина години ги полнела насловните страници со својот извонреден талент за математика. Сепак, Суфија денес повторно е на насловните страници, но како проститутка која наплаќа 130 фунти на час.
“Со својата неверојатна интелигенција можеше да заработи пари како што сака и колку што сака, но наместо тоа, работите очигледно се отргнаа од контрола“ изјавил еден од нејзините пријатели.
Нарекувајќи се Шилпа Ли, 23-годишната Суфија своите услуги ги нудела на интернет, а клиентите ги примала во станот во Салфорд. Себеси се опишала како „паметна студентка која преферира постари господа, а достапна е секој ден од 23 до 8 “. Тајната излегла на видело кога на огласот се јавил новинар на тајна задача.
Суфија во 1997 година со 13 години се запишала на Оксфорд, но побегнала само две години подоцна. По 12 дена полицијата ја пронашла во кафуле каде се вработила како келнерка. Бидејќи одбила да се врати кај родителите, била под надзор на семејство посвоители. Се пожалила дека родителите врз неа вршеле неподнослив притисок. На родителите им испратила меил во кој напишала дека таткото, математичар по професија, животот и го направил пекол и дека повеќе не сака да го види. „Доста ми е психичко и емоционално злоставување“ напишала тогаш.
Во почетокот на 2004 година се омажила за адвокатскиот приправник Џонатан Маршал, но се развеле 13 месеци подоцна.
Во февруари годинава нејзиниот татко Фарук, обвинет е за сексуална злоупотреба на две 15-годишни девојчиња. Тогаш е утврдено дека неговото вистинско презиме е Кан. Казнет е со 18 месеци затвор заради злоупотреба на 15-годишните девојчиња на кои им давал часови по математика. Тој и во 1992 година бил осуден на тригодишна затворска казна заради финансиски малврзации.
ohridnews