– Во природата се одлага цврст отпад, смет, градежен шут, па дури и апарати за домаќинство, изјави Наумче Новески од НП Галичица.
Тој информираше дека во акцијата која трае веќе неколку дена исчистен е потегот околу с.Рамне и околината на новиот и стариот пат за Велестово. Во акцијата се вклучени јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Македонија пат“, а подигнатиот смет се одлага на депонијата во Мауцкер.
Со акцијата која се одвива под мотото „ Нема место за отпадоци во природата“, ќе бидат опфатени 16 жешки еколошки точки од с. Рамне до Св. Наум, а целта е националниот парк да се исчисти од дивите депонии кои претставуваат грда слика која негативно влијае врз животната средина, но и на развојот на туризмот, додава Новески.