– ФИФА поседува потпишани документи од ФФМ со потпис од селекторот, капитенот со печат од националната асоцијација како и потпис од генералниот секретар. Гласовите кои што ние ги објавивме се поклопуваат со документите кои ги добивме од ФФМ – стои во соопштението од ФИФА.
Лавината реакции ја започна португалскиот стратег Жозе Мурињо, кој рече дека признанието за најдобар тренер не значи многу, ако некој го доделува по наредба.
Дополнително “масло во огнот“ дотури Пандев, кога за италијанските медиуми изјави дека ФИФА неговите гласови место на Мурињо и ги доделила на Винсент Дел Боске, кој подоцна победи во изборот за најдобар тренер.